Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како дојде до грешка на резултатите за тројца луѓе од лабораторијата на Жан Митрев - од МЗ велат, контаминација на материјалот

Како дојде до грешка на резултатите за тројца луѓе од лабораторијата на Жан Митрев - од МЗ велат, контаминација на материјалот

На интересен начин се намали бројката на заразени од коронавирус во земјава. Имено, лабораторијата на приватната клиника „Жан Митрев“ направила грешка во резултатите на тројца пациенти, од кои двајца од Скопје и еден од Битола. Резултатите покажале дека лицата се позитивни, а всушност биле негативни на ковид-19.

За ова се дознало, како што соопштија од Министерството за здравство, откако од „Жан Митрев“ испратиле исправка до Институтот за јавно здравје, во врска со тестирањата на тројцата пациенти чии тестови се правеле на 24 април.

Како што објаснија од Министерството за здравство, трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот.

„Кај трите лица лабораторијата во ‘Жан Митрев’ уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни“, велат од Министерството.

Слично

Поврзани вести