Како до субвенции за велосипеди од град Скопје?
Граѓаните на Скопје кои планираат да купат велосипед ќе може да ги искористат субвенциите кои ќе ги доделуваат градските власти бидејќи повикот веќе е отворен.
- Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2017 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице, стои во јавниот повик.
Сите детали за тоа како да аплицирате за субвенции може да ги најдете ТУКА.
