Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како до поголема плата?

Како до поголема плата?

За да добиете покачување морате прво самите да бидете убедени дека го заслужувате, па потоа морате да го убедите и шефот дека во таа фирма вредите повеќе.

Барањето на покачување не е лесно, па пред да тргнете во „напад“ треба да знаете и да се придржувате на неколку важни работи.

Одредете колку вредите на пазарот, споредувајќи се со другите луѓе на слични работни места во својата и во други фирми. Никогаш барањето на покачување немојте да го базирате на фактот дека ви требаат повеќе пари.

Запомнете дека претпоставените сакаат вработени коишто придонесуваат во успешноста на фирмата, зголемување на профитот, намалување на трошоците и времето потребно за да се заврши некоја работа, подобрување на корпоративниот имиџ, однос кон клиентите и привлекување на нови клиенти.

Ако сте биле пофалени спомнете му го тоа на својот шеф и напомнете ги своите можни идни достигнувања.

Ако верувате дека заслужувате покачување, побарајте го побргу – немојте да одложувате и да чекате тој да ви го понуди.

Избегнувајте препирки и давање на ултиматуми и ако е потребно, бидете подготвени на компромис.

Слично

Поврзани вести