...„КАКО ДА СУМ ВО ГВАТАНАМО“: Трајковска со фото докази - инвеститор осветлил градилиште со рефлектор од кој никој не може да спие
Жанета Трајковска од граѓанскиот сектор, објави фотографии на кои може да се види како еден инвеститор си го осветлил градилиштето со рефлектор, но притоа не помислил на станарите од соседните згради, на кои светлината од рефлекторот им го нарушува нормалното живеење.
„На Илинденска некој гради. НОРМАЛНО, оти да нема уште една зграда во близина на Парк - има да се шитне додека трепнеш. Се тоа фино, ама типот решил да си ги осветли рудникот со злато со рефлектор, оти некој може да му го украде (види слики).
Тоа што сите ние во околни згради сега сме како да ќе спиеме на градски стадион под рефлектори никого не го интересира, а најмалце типов и општината..Центар се разбира.
Па вака, со вакво светло што ти свети по дома може да се поистоветам ко да сум во Гвантанамо и да спијам под рефлектори, или ко да ме мачат Германците да признаам каде се партизаните?! И да и ќебе ставив на тераса за да намалам доживљај - слабо...рефлектор во очи е рефлектор.
Има ли некој што се грижи за жителите или кој ги врти нив?!“, напиша таа.
