Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да се издржи карантинот: ВИДЕО ПОРАКИ ОД ГРАЃАНИТЕ НА ВУХАН

Како да се издржи карантинот: ВИДЕО ПОРАКИ ОД ГРАЃАНИТЕ НА ВУХАН

Жителите на градот од каде започна се, велат дека ситуацијата во остатокот на светот потсетува на онаа во Вухан кон крајот на јануари, и несебично делат совети како да се преживее блокадата.

По 11 неделен строг карантин, Фухан ја крена рампата, а неговите жители упатуваат добронамерни лекции како сето тоа да се издржи. Многу нешто научивме од драконската изолација, велат тие и го охрабруваат остатокот од светот како да се избори за смртоносната пандемија.

-Се надевам дека луѓето можат многу да научат од Вухан, за да не мора толку да се жртвуваат и да направат помалку грешки. На сите ќе ни биде подобро кога светот ќе ја победи пандемијата, е една од видео пораките на жителите на Вухан.

-Карантинот не сакам да го опишам како лично жртвување, градот го направи најдоброто за да се избори со пандемијата. Секој што остана дома, придонесе. 



Слично

Поврзани вести