КАКО ДА НЕМА СООБРАЌАЈКИ - само во Ѓорче за еден ден 28-мина се фатени без возачка
Министерството за внатрешни работи изгледа реши да им застане на патот на несовесните возачи, кои се гавна причина за големиот број сообраќајни несреќи, кои, пак, често завршуваат и со фатални последици.
Но, засега се уште не им доаѓа паметот на неодговорните возачи, па тие се однесуваат како за нив да не важат законите и прописите кои мораат да ги прменуват сите други граѓани.
А сообраќајките не престануваат.
Инаку, МВР утрово соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„Само на територијата на општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 192 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 28 лица, 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 прекршоци на мотоциклисти... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, апелираше МВР.
