КАКО ДА НАТЕРАМЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ УШТЕ 55 ПРОЦЕНТИ ОД НАШИТЕ ПОЛНОЛЕТНИ ГРАЃАНИ - досега опфатот е 45 отсто
Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. Од МЗ велат дека 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто , а со две дози опфатени се 45 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
