Како да го дополните паричникот со 250 евра дневно?
Широка е понудата на работи кои можете да ги работите надвор од работното време.
Зависно од вашите знаења и способности, можете да заработите дневно и до 250 евра. Во младинските задруги во Србија често има работа, а плаќањето за еден час работа зависи од работодавачот. Ако сте веќе вработени можете да работите со половина работно време од 4 часа и да заработите екстра приходи.
Тоа се работни позиции за магационер, товарање на пакети, делење на летоци. За овие работи се пријавуваат студенти кои можат да истовремено да учат, но и да заработат нешто.
На фотографите им се дава можност добро да заработат со работа на свадба. За нив секогаш има работа и можат да заработат и по 250 евра дневно.
Познавачите на странски јазици секогаш можат да заработат од преведување.
Оваа работа може да се работи во слободно време. Може да се заработи од 250 до 500 денари по страница, зависно од тоа кој јазик се бара. За латински, фински и хебрејски јазик преводот е поскапо платен.
