Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да достигнете врв во кариерата?

Како да достигнете врв во кариерата?

Напорна работа, интелигенција и способност да бидеш лидер е потребно за врв во кариерата. 

Друг фактор е да се најдете на вистинското место во правилен момент, кога ќе дојде време за покачување, коментираат од Светскиот економски форум.

Ново истражување покажува дека други фактори исто така може да помогнат на патот кон позицијата која ја сакате. 

Социјалната мрежа LinkedIn ја разгледува професионалната биографија на 459 000 нејзини корисници од целиот свет, кои работеле во топ компании за менаџмент и консалтинг меѓу 1990 и 2010 година. Од нив околу 64.000  или близу 14%, станале партнери во големи компании, потпретседатели или извршни директори.

Податоците даваат некои интересни откритија за кариерата.

Времето поминато во секоја дополнителна работна функција, значи напредок во кариерата, што е еквивалентно на околу 3 години работно искуство.

Префрлањето меѓу компании во рамките на истата индустрија не обезбедува значаен поттик во кариерата. Промената на индустриите сепак има негативно влијание. 

Од големо значење се покажува и локацијата. Во САД работа во Њујорк, на пример, е гарант за искачување на висока позиција.  За разлика од нив, вработените во Хјустон или Вашингтон, имаат помали шанси да се искачат до врвот. 



Слично

Поврзани вести