Како да бидете поконцентрирани на работа?
Истражување на Универзитетот во Калифорнија покажува дека последната деценија значително опаднала концентрацијата на луѓето на работа, а тоа се должи и на современата технологија.
Концентрацијата може да ја наруши страв, збунетост, бес, но и ако паралелно ви е отворен Фејсбук, а вие се трудите да напишете извештај потешко ќе ви оди.
За да ги избегнете ваквите проблеми, најдобро е мејлови да проверувате од 9.30 до 10 часот или попладне од 16 до 16.30 часот.
На допишување на социјалните мрежи не би требало да трошите повеќе од 20 минути во текот на денот.
Медитацијата може да помогне за подобра концентрација, но имајте во предвид дека ќе ви требаат 8 недели за да имате напредок.
Трудете се да паметите факти и цитати. Читајте повеќе. Практикувајте го методот на награда и казна.
