Како бугарските медиуми го протолкуваа скандалот со химната?
Meдиумите во Бугарија пишуваат дека во Северна Македонија изби нов скандал околу Гоце Делчев.
Ова е по повод инцидентот на вчерашниот прием во американската амбасада, кога македонската евровизиска ѕвезда Тамара Тодевска испушти стих интонирајќи ја македонската химна.
Бугарските медиуми го прераскажуваат настанот и ги пренесуваат изјавите на македонските политичари. Тие потсетуваат дека прашањето за Гоце Делчев е актуелно во дебатите кои се водат меѓу двете земји за националноста и одбележувањето на историските фигури од ВМРО.
„Иако со променет текст интонирањето на химната беше поздравено од гостите, меѓу кои беа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, бурните реакции дојдоа подоцна, а пејачкта беше принудена да се извини“, пишува news.bg.
Некои бугарски медиуми цитираат написи објавени на српски портали каде пишува дека „Северна Македонија ја променила својата химна поради притисок од официјална Софија“.
