Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО АТЕИСТИТЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 24,7 ПАТИ: Статистика се извинува за „грешката“

КАКО АТЕИСТИТЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 24,7 ПАТИ: Статистика се извинува за „грешката“

Државниот завод за статистика се извини за како што ја нарече техничката грешка во врска со дел од резултатите вопописот кои се однесуваат на религиозната припадност на граѓаните. 

„Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС.

Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

-Се извинуваме за направената грешка, соопштија од Државниот Завод за Статистика

Во првичниот сет податоци од пописот што ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) беше запишано дека вкупно 355 лица се изјасниле како атеисти, но сега е направена корекција и нивниот број е за 24,7 пати поголем, односно како атеисти во земјава се запишани 8.764 лица.

Фото: EPA
Слично

Поврзани вести