Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како АРМ се справува со непријателска војска?

Како АРМ се справува со непријателска војска?

Ренџерите на македонската армија прикажаа како се справуваат со непријателска војска, деактивираа, импровизирани експлозивни направи и интервенција на ранети војници при напад. 

Сите овие сценарија беа дел од вежбата „Македонски Блесок 13“, во која се врши реоценување на средната пешадиска баталјонска група и ренџерска чета согласно НАТО концептот за оперативни способности -Ниво 2. Доцна вечерта тие се справуваа со артилериски напад и извлекуваа повредени.

Како што соопштија од АРМ, ренџерската чета по извршениот марш од касарната „Илинден“ во Скопје до армискиот полигон „Криволак“, се најде во ситуација да реагира на контакт со непријателски елементи, а веднаш потоа се справуваа со импровизирани експлозивни направи и постапки со повредени и ранети.

Во исто време средната пешадиска баталјонска група по оценување на мирновремените локации се придвижи кон Криволак каде денес ги очекуваат коплексни и сложени задачи.


Слично

Поврзани вести