КАЈЧЕВ: Еден колега од македонска страна рече дека ако објави оти Делчев бил Бугарин, ќе биде обесен на прва бандера
Состанотот на Заедничката мешовита комисија заврши со минимален напредок, е размислувањето на Бугарија откако таму се вратија членовите од бугарска страна во Комисијата. Идентитетот на Гоце Делчев и натаму останува главен камен на сопнување, а од речиси 14 точки, историчарите во два дена разгледале само неколку.
И членот на комисијата од бугарска страна Наум Кајчев смета дека немало речиси никков напредок. Тој за бугарските медиуми изјавил, а пренесе Канал 5 телевизија, дека на состаноците, покрај постоечките, се појавиле дополнителни недоразбирања, а пробем гледа и во очекувања од тие средби.
На прашањето од бугарски новинар дали бугарската страна на граѓаните овде им наметнува нешто што не можат или не сакаат да го прифатат, Кајчев вели дека има такво мислење и логика.
„Има мислење на макеонските колеги е дека тие мора да се водат од очекувањата на општеството. Или, како што кажа еден колега - ако јас објавам дека Гоце Делчев бил Бугарин, ќе бидам обесен на првата улична бандера“, рече Качјев.
