ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каја Шукова: Никако не смее да има железница на кејот во Скопје

Каја Шукова: Никако не смее да има железница на кејот во Скопје

Каја Шукова, кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, денеска објави реакција против идејата да се изгради железница на кејот на Вардар во главниот град.

Изградба на железница покрај Кејот на Вардар со цел растеретување на метежот во Скопје, пред три дена му предложи првиот човек на Стопанската Комора, Бранко Азески на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Георгиевски, на работната средба што се одржа во Комората.

„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам.

Граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Тоа е визијата што ќе ја бранам, кејот како градска оаза за спортување, пешачење, семејни прошетки и живот“, реагира Шукова.

Таа додаде дека на Скопје му е потребен, наместо тоа, сериозен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. 


ad
Слично

Поврзани вести