Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каја Шукова ќе го наследи Насер Нуредини како министерка за животна средина

Каја Шукова ќе го наследи Насер Нуредини како министерка за животна средина

Каја Шукова ќе биде новата министерка за животна средина со проширувањето на владината коалиција и влегувањето на Алијансата за Албанците во власта.

Таа досега беше државната секретарка за екологија, а ќе биде новата министерка за животна средина на предлог на СДСМ. Воедно е и претседателка на партиската комисија за екологија на СДСМ. Пукова е инженер технолог, е во овој ресор е од 1998 година.

Шукова ќе дојде на местото на Насер Нуредини. Актуелниот министер дојде на таа позиција на предлог на ДУИ, но таа позиција сега ќе ја отстапи на СДСМ поради етнички баланс.

СДСМ за заменик министер за здравство ќе ја предложи Маја Манолева, која ќе го замени Владимир Рендевски.

Алтернатива денеска ќе одлучи дали ќе остане дел од Владата.


Слично

Поврзани вести