Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЈ ЗАЕВ ОПТИМИЗМОТ НЕ УМИРА: Викендов клучен за законот за ЈО

КАЈ ЗАЕВ ОПТИМИЗМОТ НЕ УМИРА: Викендов клучен за законот за ЈО

Првиот човек на СДСМ е оптимист и кога станува збор за законот кој заглави меѓу политиката и правдата.

Овие три дена се клучни за законот кој и Европслата унија бара да се донесе за да може земјава успешно да продолжи по патот на реформите.

И додека опозицијата бара нов закон кој според лидерот ќе биде напишан од професори и експерти, надлежните од правда не го поддржаа ова барање на Мицкоски оценувајќи го како несериозно.

Сепак, лидерот на владечката СДСМ е убеден дека има време да се донесе законот и е можно тој да се протурка уште денеска на владина седница, а потоа со европско знаменце во следните три дена, односно до среда кога треба да се распушти Парламентот да ги помине собраниските филтри.

Она што го кажа Заев е дека е можно викендов Владата да го пушти законот кој со сугестии од политичкита партии ќе замине во Собрание а ставовите додаде дека им се прилично блиски.

Слично

Поврзани вести