Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај Виница е најден убиен ловочувар - задржани се тројца странски и еден македонски државјанин

Кај Виница е најден убиен ловочувар -  задржани се тројца странски и еден македонски државјанин

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид во близина на Виница каде е пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдени траги со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.

„Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. Надлежните институции испитуваат дали тие биле инволвирани во пукањето“, велат од Обвинителството. 

До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести