Кај село Градиште излетал камион со 25 мигранти
Камион со бугарски национални ознаки со 25 мигранти излетал од патот Свети Николе – Куманово, кај селотo Градиште.
Со повреди се здобиле сите 25 лица кои се пренесени во болница.
Несреќата се случила утринава околу 06.45 часот. Во возилото се пронајдени 25 мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак. Седум од нив се малолетни лица.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот.
Мигрантите се во стабилна состојба. Од Хируршкото одделение при Општа Болница Куманово информираат дека само еден од пациентите завршил со тешки телесни повреди, и е испратен на клиника за трауматологија во Скопје, а останатите по укажаната помош ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Возачот на камионот избегал.
