Кај Рашковски и Заев само без мобилен
Кај генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како и кај премиерот Зоран Заев на средба може да се оди само без мобилен телефон, по аферата со „Леонардо“ и аудио-снимката која беше објавена во јавноста, објави „Независен“.
Од пред два дена Рашковски вовел превентивни мерки, сите што ќе влегуваат во неговиот кабинет да ги оставаат телефоните. Вакви мерки имало и за влез кај премиерот Зоран Заев, каде што гостите што доаѓале за средби и работни состаноци ги оставале телефоните во сандачиња кои се заклучуваат, во приемното одделение. Засега нема блокатори во Владата за скриени „бубици“у вградени и скриени камери.
Рашковски потврди дека лицата што работат како обезбедување во Владата досега на негово барање не им ги одземале телефоните на гостите што доаѓале да се сретнат со него.
„Јас лично им кажав на лицата од обезбедувањето во Владата на гостите што доаѓаат кај мене да не им бидат одземани телефоните бидејќи ништо што правам не кријам. Никогаш не би помислил дека некој што ќе влезе кај мене ќе ме снима, јас немам таква матрица и не би помислил дека и некој друг така размислува“, вели Рашковски.
