Кај Паљурци откриени 11 мигранти меѓу кои имало и деца
Армијата утрово спречи обид за криумчарење мигранти кај Паљурци.
Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП), утрово близу браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје на територијата на Република Македонија, спречиле обид за криумчарење на мигранти. Тие биле во возила кои ги управувале македонски државјани. Открииени се 11 странски државјани од кои 6 се деца, а возачите се предадени на надлежните органи од МВР.
„Припадниците на АРМ повеќе од една година, со извршување на задачи како што се: набљудување, патролирање и извидување во реонот на одговорност, спречија десетици а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница“- информираат од АРМ.
Вкупната бројка е над 20.000, додаваат од АРМ.
