Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД ВТОР И ТРЕТ СТЕПЕН, ИМА РИЗИЦИ ЗА ИНФЕКЦИИ“: Точно 51 се испратени во странство, ќе бидат трансферирани уште најмалку 25

„КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД ВТОР И ТРЕТ СТЕПЕН, ИМА РИЗИЦИ ЗА ИНФЕКЦИИ“: Точно 51 се испратени во странство, ќе бидат трансферирани уште најмалку 25

Министерот за здравство на првата прес конференција утринава, по состанокот со кризниот штаб соопшти дека сите пациенти во страшниот пожар се во стабилна состојба, а откако 51 од настраданите се трансферирани во странство, и оние кои биле згрижени во болниците во Кочани и во штип сега се префрлени во Скопје.

„За среќа сите пациенти кои се донесени во болниците се во стабилна состојба, како и оние кои беа испратени во странство. Но, има еден нов проблем. Пациенти кои не се јавиле вчера, денеска се пријавуваат и бараат помош. Јас ги молам сите кои биле таму, кои биле на настанот во Кочани да се пријават и да дојдат на преглед. Од вчера почнавме нова стратегија, ги преземавме сите пациенти од Кочани и во Штип, затоа што имаме капацитет тука во Скопје. Сега сите пациенти се сво Скопје, немаме веќе во Штип и Кочани, со тоа што утрово во Штип лекарска помош побарале две лица. Во Клинички центар се 49 лица, 8-ми Септемви 17 лица, во старата градска болница 17 лица, во Штип се пријавени двајца нови, кои вчера воопшто не се пријавени.

Таравари истакна дека гоалем дел од пациентите со изгореници се испратени во странство, бидејќи Македонија не располага со такви капацитети.

„Нам ни се случува шок, десетици имаат изгореници и нормално дека немаме капацитети добро да ги третираме кај нас, па затоа ги пративме во повеќе земји. Кај пациентите со изгореници од втор и трет степен, има ризици за инфекции, па не сакавме да се комплицираат работите. Во Македонија нема доволно капацитети за третман на пациенти со изгореници, поради што дел од нив беа испратени во специјализирани центри во странство. Околу 15 лекари од Чешка, Израел и Србија веќе пристигнаа и ќе бидат распоредени по клиниките за да помогнат во лекувањето. Во странство, во Турција се испратени девет лица, тројца во Истанбул и шестмина во Анкара, во Бугарија 14 пациенти, во Грција во Солун се пет, во Србија 17, и вчера двајца се упатени во Будимпешта, и во Литванија се упатени четири пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени во Словенија двајца или четворица, за Хрватска ќе појдат четворица, во Австрија шест, и уште 12 пациенти ќе бидат испратени во Белград на ВМА“, изјави Таравари.

Истовремено, министерот нагласи дека се формирани специјални медицински тимови кои ќе комуницираат со повредените во странство, а истовремено ќе има и психолошка поддршка за семејствата на жртвите. Министерството за здравство до 14 часот ќе објави контакт броеви за сите болници каде што се сместени повредените.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести