Кај МЕПСО ќе се паркира со лифт, ама не и автомобили на плин!
Пред септември се очекува да биде пуштена во употреба новата барокна катна гаража во близина на МЕПСО. Изградбата на објектот е при крај, а во неа автомобилите ќе се паркираат со помош на лифт, пишува Утрински весник.
Лифтовите ќе бидат на влезот на објектот, во подрумските простории. Возачите ќе ги оставаат возилата до лифтовите и ќе имаат обврска само да го земат билетот. Потоа, возилата автоматски ќе бидат преземени од лифтовите и ќе се носат до слободните паркинг-места. Поради автоматскиот систем, заради безбедност, забрането ќе биде паркирање на возила со плин.
Системот за паркирање е корејски. Ова е првата од трите катни гаражи во кои инвестира и со кои ќе стопанисува Јавното станбеното претпријатие. Таа ќе биде првата автоматизирана гаража во Скопје вредна речиси 6 милиони евра. Има барокна фасада, шест ката и капацитет за паркирање на 280 возила.
Општина Центар треба да ја изгради пристапната улица до објектот.
Слично
