Кај Лептокарија е пукано од едно возило кон друго
Пукање имало попладнево кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3.
Од МВР информираат дека „е пријавено околу 18.35 минути на булевар Партизански одреди дека е пукано од едно возило кон друго.
Според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење. Повредени нема. Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.
Фото: Пресс24
Слично
