Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај кои реки има зголемување на водостојот?

Кај кои реки има зголемување на водостојот?

Најголемо покачување на водостојот има кај реките Радика, Треска, Сатеска и Црна Река. 

Најголем пораст на водостојот од 56 сантиметри утринава во 8 часот има реката Вардар кај мерната станица Јегуновце. Нивото на Вардар пораснало за 29 сантиметри на мерното место кај Зајчев Рид во Скопје и за 5, односно 4 сантиметри кај Велес и Демир Капија.

Значително зголемување на водостојот од 46 сантиметри има и Црна Река кај мерното место Новаци.

Од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) велат дека поради топење на снегот се очекува зголемување на нивото и на другите реки. 

„Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег, предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во сливовите на реките Треска и Радика“ -  велат од УХМР.

Намалување на нивото од 5 сантиметри од вчера до денеска има кај Радика, а од 2 сантиметри Крива Река. Кај сите други реки кај кои што се вршат мерења нивото се зголемило или, пак, останало на истото ниво како вчера.

Водостојот на природните езера во земјава е без промени. 

Слично

Поврзани вести