КАЈ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ВМА ИМА ПОДОБРУВАЊЕ, ГО НАПУШТИ ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА - претстои голема борба за закрепнување
Десет лица повредени во страотниот пожар во Кочани се хоспитализирани на ВМА.
Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Северна Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Северна Македонија, пишуваат српските медиуми.
- На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и сериозна состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напушти одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување - истакна за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург.
Пожарот избувна околу 02:30 часот и бил предизвикан од прскалки кои се запалиле на таванот од дискотеката. Според експертите, таванот бил направен од многу запалив материјал. Излезот, потврдија сведоци, бил со димензии 90 на 90 сантиметри.
Дискотеката се наоѓа во зграда која личи на куќа, а на некои од прозорците имало решетки. Дозволите за работа на дискотеката беа нелегални.
Извор: K1infoФото: Принтскрин
