Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај Дубровник се удави Македонец

Кај Дубровник се удави Македонец

Македонец се удави во Хрватска.

Полицијата телото на 30-годишниот македонски државјанин го извадила попладнево од морето кај градот Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот. Неофицијално тој се удавил.

Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека нешто пред 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво тело на маж, кој е идентификуван како 30-годишен државјанин на Република Северна Македонија, со постојан престој во Дубровник.

Локалните портали објавуваат дека полицијата малку пред 13 часот е повикана од граѓани кои виделе дека некој се дави во морето кај Бониново. Интервенирала итната помош и полицајци со полициски брод.

Слично

Поврзани вести