Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај докторката нема стручна вина за смртта на четирите бебиња

Кај докторката нема стручна вина за смртта на четирите бебиња

За смртта на четирите бебиња на Клиниката за гинекологија во Скопје кај посочената докторката која на пресудниот ден излегла од работа не е утврдена стручна грешка, туку само е поведена дисциплинска постапка. Таа шест месеци ќе работи под надзор на специјалист. Освен тоа дисциплинската комисија одлучила да ја казни парично – 30 отсто од плата и да и ја прекине привремено субспецијализацијата за неонатологија.

Докторката освен што излегла од Клиниката без да извести никого дента кога четирите новороденчиња починаа, не се појавила ниту во операциска сала на царски рез.

Првично рекла дека работното место го напуштила за да земе нова униформа, а потоа го сменила исказот пред комисијата објаснувајќи дека отишла да земе факсимил.

„Одлуката на дисциплинската комисија е дека е казнета парично и одземена и е специјализацијата. Таа ќе работи само сабајле и под надзор на колеги, во вие шест месеци додека е казнета и нема право да дежура во било која установа.“ - изјави Викторија Јовановска – Директорка на Клиника за гинекологија и акушерство.

За причината за смртта на четирите новороденчиња, Комисија за стручен надзор претходно утврди дека не станува збор за лекарска грешка. Бебињата биле родени предвремено и со тешки компликации.

„Практично стручна одговорност кај докторката нема и се засноваше само на дисциплинската одговорност, прекршокот е утврден, казната е доставена согласно просписите и законот и тоа ќе биде соодветна казна која го направила пропустот.“ - изјави Сашо Стојчевски – Доктор на ГАК.

По смртта на новороденчињата, на клиниката влегоа и екипи на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Извештаите треба да бидат готови утре и ќе треба да покажат какви се хигиенските услови на клиниката и дали се почитуваат стандардите.


Слично

Поврзани вести