Кај дете од една година лекарите констатирале депресија
Лекарите констатирале депресија кај дете од една година, информираа денеска од Министерството за здравство.
Министерот за здравство, Никола Тодоров истакна дека од над 1200 лекари кои биле тестирани, 70% изјавиле дека не можат точно да ги препознаат симптомите на депресија.
Надлежните велат дека најважно е лекарите да бидат обучени за да можат да ги препознаат првите симптоми на оваа болест.
Од Министерството за здравство прецизираат дека според податоците од Мој Термин, на 55.000 пациенти им се препишани антидепресиви. Претседателот на Здружението на лекари, Горан Димитров, објасни дека состојбата во Македонија сепак е добра, ако се земе в предвид дека процентот на пациенти со депресија е понизок од оној кој го објави Светската здравствена организација.
Светската Здравствена Организација објави дека бројот на лица кои живеат со депресија пораснал за повеќе од 18% во споредба со периодот од 2005 до 2015 година. Податоците за лицата кои страдаат од депресија во Македонија, за 2016 година, ќе се објават во мај.
