„КАЈ АЛБАНЦИТЕ ИМА ВНАТРЕЕТНИЧКА КОХЕЗИЈА, КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ“: За Ванковска, кај Македонците приоритет е седењето во власт
Професорката Билјана Ванковска се огласи за тоа што албанските партии секогаш си се поддршка за двотретинско мнозинство или за Бадинтерово мнозинство и потенцира дека тоа не е случај со македонските партии.
„Тоа што ДУИ секогаш стои како поддршка за двотретинско мнозинство (и се подразбира, Бадинтерово) се должи на силната внатреетничка кохезија, препознавањето на етничкиот интерес во поделеното општество и логиката на консоцијациски систем.
Во ваков политички и законски контекст, проблемот не треба да се бара во албанскиот политички блок. Проблемот е што македонскиот (партиско/етнички) блок не сфаќа дека истиот механизам (бадинтерово мнозинство и двотретинско мнозинство) му стои на располагање и нему. Но, ним не им е приоритет кохезијата и интересот на својата заедница (народ) туку седење во власта. По секоја цена, и државна и етничка …
Да повторам уште еднаш: јас сметам дека демократија нема да има сѐ додека постои консоцијациски (рамковен) модел. Тој е рак-рана за државата“, напиша таа на фејсбук.
Слично
