Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кафулињата и рестораните од четврток до 21 часот: Можно е и ново продолжување на работното време

Кафулињата и рестораните од четврток до 21 часот: Можно е и ново продолжување на работното време

Одс четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Предлогот бил усвоен на владина седница, информираше министерот Венко Филипче. Нјавува и можно олабавување на мерките, за што ќе се анализира следната недела. Ако биде усвоено тоа олеснување, кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот.


„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, напиша Филипче.


Од Владата соопштија дека со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.


Слично

Поврзани вести