Кафулиња во Аеродром и Газа баба под клуч: Имало гужва и не почитувале работно време
Два усгостителски објекти - еден во Аеродром и еден во Гази баба биле затворени во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, соопштија надлежните. Објектите биле затворени откако полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при контрола утврдиле дека во нив не се почитува предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење ковид 19 и во нив биле затекнати повеќе лица.
„Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, стои во соопштението.
