Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кафе и цеден сок го почести Николов, новиот штипски градоначалник Иван Јорданов

Кафе и цеден сок го почести Николов, новиот штипски градоначалник Иван Јорданов

Сашко Николов досегашниот градоначалник на Штип го пречека во градначалничкиот кабинет новиот „татко“ на градот Иван Јорданов. Објави дека го почестил кафе и цеден сок и додава дека општина Штип ја остава во одлична финансиски ликвидна состојба.
Објави дека на сметката на Општина Штип има 47.000.000 денари, на сметка на ЈП Стипион - 4.100.000 ден. (дополнителни 500.000 ден од паркинг наплата). а на сметка на ЈП Исар - 9.000.000 денари.
„Оставамe 22 проекти, со обезбедени финансии, со завршена јавна набавка и потпишани договори со изведувачи, каде се чека нивно започнување. Му посакувам успешна, чесна и пожртвувана работа на градоначалникот Иван Јорданов, каде сите граѓани на Општина Штип ќе бидат еднакви, објави Николов. 

Слично

Поврзани вести