Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЕВСКИ: Шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога

КАЕВСКИ: Шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога

Дарко Каевски, пратеник и портапрол на СДСМ, денеска во изјава за медиумите истакна дека шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тепал полицајци.

Според нив, ноќеска, пред локален кафе бар во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец.

„Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога.  ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО. Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски.

Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност. А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни“, вели Каевски.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи напиша дека во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, работат на расветлување. Тој го осуди насилството. 

Слично

Поврзани вести