Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадровски промени на раководни позиции го тресат МВР

Кадровски промени на раководни позиции го тресат МВР

Кадровските смени во МВР кои почнаа пред речиси две недели продолжуваат.

Вчера паднале неколку одлуки за разрешување и воедно именување на нови раководители во ресорот.

Сменети се началници на Петтата управа, крим полиција и внатрешна контрола.

Како што пренесе Дојче Веле Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање а од понеделник смени ќе добијат и единиците за специјални задачи и за брзо распоредувањ како и СВР Скопје, Куманово, Велес, Битола, Штип, Струмица.

Разрешена од раководната функција е и Анета Станчевска, помошник-министерка за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР. Нејзиниот глас се слушна во една од „бомбите“ поврзани со изборни измами и улогата на полицијата. На нејзината раководна позиција сега е назначен Дејан Андонов, кој долги години работел во секторот за внатрешна конрола, но потоа бил „прекомандуван“ во гранична полиција.

Од началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Спасовски.

Како што споменавме пред две недели двете БЈБ и УБК добија нови директори а тоа се Лазо Велковски за директор на Бирото за јавна безбедност, а Горан Николовски за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Слично

Поврзани вести