Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде живеат најбогатите луѓе во светот?

Каде живеат најбогатите луѓе во светот?

Личното бoгатство во азиско-пацифичкиот регион го надминало тоа на Северна Америка за прв пат лани.

Ова е резултат на силните економии и пазари на недвижности, се вели во извештајот на Cap Gemini, цитиран од Bloomberg.

Средствата на милионерите во азиско-пацифичките земји се зголемени за речиси 10% до 17,4 трилиони долари, надминувајќи го износот од 16,6 трилиони долари на Северна Америка, наведува Cap Gemini.

Благосостојбата на европските земји, пак, е зголемена за 4,8% до 13,6 трилиони долари, а тоа на Латинска Америка и Африка опаѓа. Глобалното богатството во целина има раст од 4% до  58,7 трилиони долари.

download

Бројот на милионерите во Кина се зголемил за 16%, што е најголем раст во студијата. САД, Јапонија и Германија имаат повеќе поединци со големо богатство, а бројот на американските милионери е  4 пати поголем од оној на кинеските.

Компанијата го направила истражувањето со над 800 компании. За лице со големо богатство се смета човек со инвестициски средства од најмалку 1 милион долари, без да се земе впредвид основното живеалиште и одредени колекционерски и кориснички предмети, наведува компанијата.

Слично

Поврзани вести