Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде во Македонија има најмногу снег?

Каде во Македонија има најмногу снег?

Најмногу снег во земјава има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, а во Крушево наврнале шест сантиметри снег.

Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор, каде штo висината на снежната покривка е осум сантиметри. Слаб снег утрово имало и во Крива Паланка, а во текот на денот и во Берово.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива нормално по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, посебно во западниот и во југозападниот дел од земјата, каде што во текот на ноќта имаше интензивни врнежи од снег.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превалец Плетвар е укината изутрината во пет часот.

Слично

Поврзани вести