Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Во Македонија најмногу снег има во Ѓуриште, каде што снежната покривка изнесува 14 сантиметри. 

Снежната покрива во Тополчани е 12 сантиметри, во Пожаране 10, Маврово 9, Лазарополе и Берово 5, Крива Паланка 4, додека во Битола и Крушево по 1 сантиметар.

Во Скопје, Битола и Штип дуваше ветер со брзина до 55 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, а во северните и источните делови од земјата ќе провејува слаб снег.

Максималните температури ќе се движат до 6 степени.

Во текот на денот се очекува намалување на облачноста и сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во Повардарието и во Пелагонија.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладнето сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 4 степени.

Во текот на неделата што следува ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои ќе се движат од -9 до -2 степени, додека дневните ќе бидат во постепено покачување.

Слично

Поврзани вести