Каде ви е достоинството - граѓани повторно протестираат пред Владата
Граѓани и вечерва и излегоа на протест пред Владата, со цел да го изразат револтот против францускиот предлог. Тие бараат власта да го отфрли овој предлог.
Демонстрантите пеат патриотски песни и извикуваат „Никогаш Северна, само Македонија“, „Бугари“, „Предавници“. Еден од присутните клекна на колена пред полицискиот кордон пред Владата. „Каде ви е достоинството“, извикуваа демонстрантите.

фото принтскрин
Слично
