Каде вечерва воздухот е најзагаден?
Скопје и вечерва е многу загадено.
Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вечерва покажуваат многу високо ниво на загадeност на воздухот.
Канцерогените ПМ10-честички во Карпош вечерва достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229.
Високо ниво на аерозагадување има во Центар каде што се измерени 133 микрограми на кубен метар, на мерната станица Ректорат измерени се 113 микрограми, во Битола каде мерната станица покажува 106 микрограми, во Кичево 151, во Тетово 105 и во Кавадарци 158 микрограми на кубен метар.
Средно загадено е во Гази Баба каде што се измерени 59 микрограми и во Куманово каде мерната станица покажува 66 микрограми канцерогени честички.
Со денови Скопје е на врвот по загаденоста на воздухот.
