КАДЕ ВЕАТ ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Ваква е состојбата на патиштата ширум државата
Ако тргнувате на пат имајте на ум дека обврската за задолжителна зимска опрема уште е на сила.
Засега интензивни врнежи веат во источниот и југоисточниот регион.
Советите од надлежните се возачите да внимаваат како возат а „Македонија пат“ во моментов е на терен со 20 камиони.
Се фрла сол и абразивен материјал а засега нема забрани за движење на некои патни правци.
Најголемо внимание за возачите се препорачува да обрнат ако патуваат кон Истибања-Македонска Каменица-Делчево до македонско бугарскиот граничен премин и на патот Виница-Берово.
Слично
