Каде се сретнаа Коѕиас и Димитров?
Локацијата и времето на средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас остануваат непознати.
Шпекулациите се дека најверојатно разговорите се одвивале во Солун или Атина. Надлежните не соопштуваат и додаваат дека средбата е
од затворен формат.
Цврстата позиција дека Независни Грци не можат да прифатат име што ќе го содржи терминот Македонија, уште еднаш е изразен од член на партијата -коалиционен партнер во Владата.
Заменикот-министер за транспорт, Никос Мавраганис утрово за државната телевизија ЕРТ, изјави дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам и тоа е главната причина зошто не го прифаќа терминот Македонија.
„Ова не е опсесија или радикална позиција и однесување, туку е затоа што државата на Скопје, го поставува ова барање за да има такво име, токму затоа што во преамбулата на нивниот Устав, предвидува дека треба да се создаде една поширока македонска држава и се стреми кон одбрана на наводната македонска националност“- рече тој.
Мавраганис е член на Владата од редовите на Независни Грци.
