(ВИДЕО) КАДЕ СЕ НАПРАВИ ПРОПУСТ: На Автопатот Велес-Скопје уште не може да се одвива сообраќај
Вчерашните вренежи направија блокада на повеќе места во земјава.
На автопатот Велес-Скопје се уште воопшто нема никакви можности сообраќајот да се одвива.
Од наплатна станица „Отовица“ до Кула се уште има заглавено повеќе возила.
АМСМ информира дека во прекин е и патниот правец од Штипска петља до Катланово кој целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.
Од утрово од 06 часот поради расчистување на снежните наноси сообраќајот е во прекин и на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“.
Ненавремени реакции на надлежните
Најавениот снег воопшто не треа да изгледа како да ги изненадил надлежните екипи кои се вадат на тоа дека за кратко време наврнало многу снег.
Оправдување за ненавремените реакции и на испраќање на механизација за расчистување на теренот нема и не треба да има.
Како што инфомираа од „Македонија пат“ била испратена дополнителна механизација за да се расчисти побрзо снегот и да се стави во функција автопатот.
Од Центарот за Управување со Криза рекоа и дека екипи на „Македонија пат“ има на 35 пункта низ земјава и го расчистуваат снегот, додека сообраќајната полиција е на терен и го регулира сообраќајот.
Апелите да не се патува не стигнаа до оние кои тргнаа кон дома за Бадник
Препораките до граѓаните беа да не се патува и да не се излегува надвор без потреба.
Сепак многумина од внатрешноста не очекуваа дека нема да наидат на ненавремена реакција од зимските служби и се упатија кон своите домови каде денеска ќе го прослават Бадник со своите најблиски доколку успеат да стигнат.
Читатели до нашиот портал синоќа испраќаа фотографии а во видеата подолу погледнете како беше таму ноќеска.
