Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде се македонските државјани евакуирани од Мароко?

Каде се македонските државјани евакуирани од Мароко?

Македонските државјани кои беа евакуирани од Мароко пристигнаа во Мадрид во добра здравствена состојба.

Од Министерството за надворешни работи(МНР) велат дека тие наскоро ќе се упатат кон дома, откако го напуштија Мароко, каде пред три дена имаше катастрофален земјотрес.  Од МНР објаснуваат дека во изминатите два дена нема нови пријави за наши државјани во Маракеш и најавија дека продолжува комуникацијата со надлежните институции во Мароко, за евентуални други македонски државјани.

„Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732“, се додава во соопштението.

Земјотресот се случи во петокот на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко. Бројот на загинати е скоро 2.500 лица, соопштија синоќа вооружените сили на земјата. Повредени се над 2.421 лице, а се предупредува дека бројот на загинати може да продолжи да расте затоа што спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области. Земјотерсот беше со јачина од 6.8 степени. Годинава во Турција имаше силни земјотреси во февруари каде загинаа над 50.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести