Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kаде политичарите ќе го слават Илинден?

Kаде политичарите ќе го слават Илинден?

Од Владата информираа дека централната прослава за Денот на Републиката – Илинден, ќе се одржи на 2 Август во комплексот „Пелинце", под мотото „Наша Македонија". 

Пред Меморијалниот центар АСНОМ, свежо цвеќе ќе положи владината делегација предводена од премиерот,  Зоран Заев, а во чиј состав ќе биде вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите за надворешни работи, за правда и за култура, Никола Димитров, Рената Десковска и Асаф Адеми. Во 11:30 часот е предвидено обраќање на Заев.

„Темата на Денот на Републиката е ,Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот’, која е инспирирана од Крушевскиот манифест“- соопштија од Владата.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов ќе се обрати на Мечкин Камен во Крушево. Заедо со него, годинава најавено е дека ќе биде и американскиот вршител на должноста заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер. Тој ќе ја посети Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Точно напладне ќе биде положено свежо цвеќе на Мечкин Камен, по што следува обраќање на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. На Мечкин Камен, ќе присуствува и владина делегација составена од заменик на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и за здравство, Венко Филипче.

Иванов при испраќањето на коњаниците кон Крушево во петокот, ги повика македонските граѓани да дојдат на одбележувањето на Мечкин Камен.

Собранискиот спикер,  Талат Џафери, ќе го одбележува државниот празник Илинден во Скопје.

Тука свеченостите ќе се одржат пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев. Таму свежо цвеќе ќе положат претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми.
Делегација ќе се поклони и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методиј Андонов Ченто. На крајот, обраќање ќе има Талат Џафери.

Слично

Поврзани вести