Каде победи ДУИ?
Според веб апликацијата на Државната изборна комисија во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ ја победи Меликије Халими од СДСМ.
Во Боговиње Бесник Емши од ДУИ го победи противкандидат од АА/А Аљбон Џемаили.
Во Теарце Нухи Незири од ДУИ го победи Назим Таити од Алијанса и Алтернатива.
Во Струга, градски татко останува Рамиз Мерко. Кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Идри Истрефи, изгуби од Рамиз Мерко.
Фатмир Дехари пак останува градоначалник на Кичево. Кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, синоќа му честиташе на својот противник Дехари. Висар Ганиу останува градоначалник во Чаир.
Слично
