Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде ОЈО бара податоци за профилот кој ја пушти „бомбата“ за Богоевски?

Каде ОЈО бара податоци за профилот кој ја пушти „бомбата“ за Богоевски?

Обвинителство бара од Јутуб податоци за профилот „Бомби 2019“ за „бомбата“ за пратеникот Павле Богоевски. 

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик.

На неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено е сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа е објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.

По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш е изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.

До Министерството за внатрешни работи е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално е нарачувана наркотична дрога и за кое лице е нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.

Слично

Поврзани вести