Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ ОДИМЕ, ЗНАЕТЕ ЛИ? „Македонија нема иста позиција ниту со ЕУ земјите и лидери, ниту со администрацијата на претседателот Трамп“, вели Макрадули

КАДЕ ОДИМЕ, ЗНАЕТЕ ЛИ? „Македонија нема иста позиција ниту со ЕУ земјите и лидери, ниту со администрацијата на претседателот Трамп“, вели Макрадули

Јани Макрадули вели дека земјава нема исти позиции ниту со ЕУ ниту со Трамп.
„За жал, новото нормално секојдневно ја руши кредибилноста на Владата, како на внатрешен, така и на надворешен план, или да бидам попрецизен периметар.

После случувањата во текот на вчерашниот ден, Македонија нема иста позиција ниту со ЕУ земјите и лидери, ниту со администрацијата на претседателот Трамп. Секојдневното однесување, да им се каже на соговорниците она што сакаат да го слушнат, е крајно несериозно и опасно, креирајќи слика за нас, како нестабилен и некредибилен партнер за разговор и договор.

Како да им трае реториката од кампањата и ветувањата излетуваат од партискиот ракав.

На пресот за директните странски инвестиции, т.н. министерка не знаеше да каже ниту една нова гринфилд инвестиција, ама затоа прочита дно од писание, напишано од друг, пардон друга…

Каде одиме, знаете ли?, напиша тој.



Слично

Поврзани вести