Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде наврна најмногу снег во Македонија?

Каде наврна најмногу снег во Македонија?

Македонија е повторно со снег.  Најголема снежна покривка и најстудено изутринава е во Маврово, со седум сантиметри снег , а температурата падна на  минус шест степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, – 4 во Крушево, -3 и во Дебар, Тополчани и Лазарополе, -2  во Берово, Куманово, Прилеп и Штип, а во Скопје – 1.

Изутринава времето е облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд.

До крајот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег.  На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.Скопје, облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец правец. Температурата ќе достигне до 2 степена.

Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.


Слично

Поврзани вести