Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaде наврна најмногу снег во Македонија?

Kaде наврна најмногу снег во Македонија?

Најмногу снег во земјава наврна во Маврово и Лазарополе. 

Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.

Снег со послаб интензитет денеска паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопштија од Управата за хидрометереолошки работи.

Вистинска снежна идила има и на Попова Шапка. 

Утре на планините на северозапад ќе има и услови за провејување на слаб снег. Утринските температури ќе бидат најниски утре изутрина, а потоа ќе бележат пораст. Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи. Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.

Слично

Поврзани вести